gogo

A+ R A-


Сцената поставена, Лила Филиповска „топ“, пренос во живо на Сител3

Кратово полека почнува да се полни. Првите гости во попладневните часови почнаа да пристигаат во градот, кафулињата полека се полнат, атмосферата полека зоврива. Еден заканувачки облак околу 16 часот мина над Кратово, но замина во правец на Пробиштип, без да се истури во Кратово. Храбрите вечерва сигурно ќе бидат на плоштадот „Павел Шатев“, каде веќе огромната сцена со моќно озвучување и кран-камера веќе е поставена. Оние што од разни причини нема да се најдат на плоштадот, вечерва ќе можат да следат директен пренос на Сител3 телевизија. Лила Филиповска е веќе подготвена за подигање на атмосферата, тука е „Бекстејџ“ тимот... Полека може да започнеме со одбројување, 3, 2, 1...

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.