gogo

A+ R A-


Се реконструира главната сообраќајница во Пробиштип

alt

Изградба на патна инфраструктура е важен предуслов за развој на општина Пробиштип, смета градоначалникот Тони Тоневски.

Општината во моментов е посветена пред сè на изградба на патната и комуналната инфраструктура, а како што вели градоначалникот, реконструкција на постоечките улици и изградба на нови улици не само што значително ќе подобрат локалната економија, туку ги подобруваат и условите за живот на граѓаните.

-Еден од проектите за подобрување на инфраструктурата е и проектот за реконструкција на улицата „Јаким Стојковски“. Реконструкцијата на главната сообраќајница во градот е проект кој ќе се реализира во две фази. Во моментов се одвиваат завршите работи од првата фаза што опфаќа поставување на нов асфалтен слој во должина од 1.220 метри, поставување на нови тротоар, изградба на атмосферска канализација, поставување на хоризонтална и вертикална патна сигнализација, како и поставување на целосно ново енергетски ефикасно осветлување, вели Тоневски.

Се очекува првата фаза од реконструкцијата да заврши кон средината на идниот месец, а со почетокот на новата градежна сезона да започне со реализација на втората фаза која опфаќа реконструкции на раскрсниците на споменатата улица.

Проектот изнесува околу 35 милиони денари од кои 25 милиони се обезбедени од Светската банка, а останатите финансиски средства се обезбедени од општинскиот буџет.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.