Со средства во висина од 14,5 милиони денари ќе се санира свлечиштето на регионалниот пат Пробиштип-Штип во близина на населеното мест Неокази. Ова свлечиште се санира со пари од ЕУ, а проектот го имплементира УНДП. Градежните активности започнаа денес и ќе траат до февруари.

Градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, кој денеска заедно со претставници од УНДaП беше на лице место, истакна дека градежните работи ќе ги реализира „Гранит“.
– Свлечиштето ќе биде изградено по најсовремени стандарди, ќе се постави потпорен ѕид со анкери и шипови, ќе се направи целосно одводнување на ова свлечиште, со што трајно ќе се спречи понтамошно оштетување, односно трајно ќе се реши проблемот, истакна Тоневски.
Европската унија за санација на патната инфраструктура од поплавите кои ја зафатија Македонија пред две години ќе вложи 10 милиони евра. Со овие средства на 10 локации ќе се санираат свлечишта и ќе се направи реконструкција и изградба на нови мостови. Во источна Македонија ќе се санираат и акумулации, а една од најголемите инвестиции ќе биде изградба на нов мост на реката Брегалница во општина Зрновци, каде стариот мост ќе се урне и ќе се гради нов. Оваа инвестиција ќе чини помалку од два милиона евра. О.А.