Одбојкарите на Шутова во машка и на Работнички во женска конкуренција го подигнаа трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во Пробиштип ги совладаа своите противници со максимални 3-0. Кичевци стигнаа до својата прв трофеј во клупската историја, и тоа на убедлив начин, совладувајќи го домаќинот на турнирот Пробиштип ВА со 3-0 (25-17, 25-14, 25-23). Играчите на Шутова во ниту еден момент не дозволија на пробиштипјани резултатски да се доближат, а мала неизвесност имаше во последниот сет, кога домаќините имаа 23-23, но не успеаја да издржат во клучните мигови и мораа да се задоволат со сребрениот пехар.
Во женска конкуренција одбојкарките на Јанта Волеј не беа дораснат противник и загубија од Работнички со 3-0 во сетови (25-13, 25-23, 25-15).
Одбојкарките на Работнички Жени покрај освоената титула во Купот на Македонија, се закитија и со признанија во поединечна награда, откако Марија Трајковска беше прогласена за најкорисен играч во финалето. Токму Трајковска со 15 реализирани поени беше најефикасна во екипата на Работнички и заслужено го понесе МВП признанието, а за награда од организаторот доби ваучер од „Весна акумулатори“.
Во машкото финале за најкорисен играч беше прогласен Ристо Клопчевски од Шутова.
Автор: О.А.
Шутова и Работнички го кренаа Куп-трофејот во Пробиштип
Најново
![]() | Денеска | 7522 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 16252 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 7522 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20925531 |