По тридневната фестивалска забава во Кратово, музичките возбудувања повторно продолжуваат на истокот од земјата. Пехчево, гратче со 3.000 жители, е подготвено да пречека околу 70.000 гости за четиридневното издание на Фестивалот на трубите. Овој своевиден бренд на општината ќе се одржи по шести пат, со што се продолжува старата и добро позната традиција на дувачки оркестри во Малешевијата.
Годинава за златната труба ќе се натпреваруваат шест дувачки оркестри и инструменталисти, а втората и третата награда се мала труба и тапан. Оркестрите имаат можност во 20 минути да покажаат што знаат и умеат. Задолжително во натпреварувачкиот дел е малешевското оро кое треба да се исвири без грешка, бидејќи ова е карактеристично оро и тука нема импровизации.
Елица Јовевска, директор на фестивалот, информира дека фестивалот започнува на Павловден, ден кога Пехчево го одбележува својот празник, со саемот на ракотворби каде ќе има 15 штандови.
- Започнуваме на 13 јули на пладне со отворање на етносаемот. Отворањето на фестивалот е вечерта во 20 часот, ќе има дефиле со мажоретен состав, а во ревијалниот дел ќе настапат дувачкиот оркестар од Ловеч, Р.Бугарија, дувачки оркестри од соседна Србија, оркестар од САД, потоа ќе настапат Уска–Кан од Берово и оркестарот на Џамбо Агушеви, рече Јовевска.
Таа додаде дека секоја вечер ќе има концерти од познати естрадни ѕвезди. На сцената ќе настапат Миле Кузмановски, Силви Бенд, балканските ѕвезди Рајна и Саша Ковачевиќ, а во доцните часови ќе има забава со познати ди-џеи.
Фестивалот се организира со поддршка на спонзори и средства од општина Пехчево, а годинава прв пат фестивалот има финансиска поддршка и од Министерството за култура.
А Г Е Н Д А
Фестивал на дувачки оркестри Пехчево 2016
13.07.2016 г.
12:00 – Отварање на Етно саемот – „Пехчевски Павловден“
12:15 – Културно уметничкото друштво „Јане Сандански“ – Пехчево
12:30 – Културно уметничко друштво „Искрици“ – Благоевград – Република Бугарија
13:00 – Култрурно уметничко друштво „Љупчо Сантов“ – с. Оризари – Кочани
13:30 – Центарот за култура „Бели Мугри“ – Кочани
14:00 – Црковен ручек – Црква Св.Петар и Павле
14:00 – Културно уметничкото друштво „Димитар Беровски“ – Берово
14:30 – Културно уметничко друштво „Гоце Делчев“ – Делчево и „Тернипе“ – Делчево
15:00 – „Копачка“ – Делчево
15:30 – Културно уметничко друштво – Куманово
16:00 – Културно уметничко друштво „Јане Сандански“ – Пехчево
16:30 – Настап на г-дин Спиро Трајановски – с. Панчарево – Пехчево
16:40 – Настап на г-дин Тимко Трајановски – с. Панчарево – Пехчево
16:50 – Пеачка група од село Русиново – Берово
17:00 – Настап на музичката група на г-дин Михаил Шоповски – Пехчево
17:30 – Настап на г-ѓа Марија Димкова
18:00 – Пензионерски хор – Пехчево
18:20 – Културно уметничко друштво „Јане Сандански“ – Пехчево
19:30 – Дефиле на мажоретниот состав и дувачкиот оркестар од Ловеч – Република Бугарија
19:45 – Офицјално отварање на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2016 година
20:00 – Мажоретниот состав и дувачкиот оркестар од Ловеч – Република Бугарија
21:30 – Дувачки оркестар Бојан Ристич Brass Band
23:30 – Миле Кузмановски – концерт
01:30 – Dj Doomloaf
02:00 – Dj Marga de sol + Dj Mats
14.07.2016 г.
19:30 – Општинска установа детска градинка „7 Септември“ – Пехчево
- Бранкица Јовевска – „Македонска песна“
- Матеј Стаменковски – „По друм одам мајче“, „Сношти сакав да ти дојдам“
- Димитар Карбински – „Билјана платно белеше“, „Јовано Јованке“
- Величка Живановска – „Во Струмица на улица“, „Мајка на Марика думаше“
- Филип Крамарски – „Усни на усни“, „Громови на душа“
- Живка Живановска – „Долга ноќ“
- Дует Филип Крамарски и Живка Живановска – „Љубов“
- Маја Пандова – „La valse d, Amelie
- Маја Пандова – „Соба за тага“
- Дует Евгенија и Маја Пандова – „Drag me doen – one direction“
- Маја Пандова – Bruno mars – „When I was your man“
- Дует Маринела Секуловска и Мартин поповски – Fraje – „Ich libe dich“
20:30 – Дувачки оркестар Златне усте од Америка
21:00 – Натпреварувачки дел
00:00 – Силви Бенд – концерт
02:00 – Dj Marek – Република Бугарија
15.07.2016 г.
20:00 – Ревијален настап на победникот на Фестивалот на дувачки оркестри – Пехчево 2016
20:45 – Група Табиет – Свети Николе
22:30 – Концерт на Дувачкиот оркестар „Уска – Кан“ – Берово
00:00 – Бугарската Поп-фолк дива Рајна – концерт
02:00 – Dj Brass brothers
16.07.2016 г.
08:00 – Петровденски планинарски марш ,, Буковик“
20:00 – Кико Бенд – Пехчево
21:00 – Концерт на дувачкиот оркестар „Џамбо Агушеви“ – Струмица
23:00 – Саша Ковачевиќ – концерт
01:00 – Dj IKE DE KOKA + LASER HARP