Овој викенд уште една луда, откачена, летна и незаборавна забава во Аква паркот во Пробиштип. Имено, Аква Парк Пробиштип во соработка со Urban Artist чии главен менаџер е познатиот организатор на луди забави во Македонија, младиот Дарко Петров, по одличните забави кои изминаа,
сега организираат голема хип-хоп забава на која ќе гостуваат многу познати хип-хоп ѕвезди од Македонија меѓу кои слободно ќе го споменеме Слаткаристика, Аце (НЛ), Тајзи… Како што велат организаторите, картите се веќе продадени, но не мора да тагувате, денес ќе бидат пуштени нови дополнителни карти со кои сите Вие кои сакате да бидете дел и од ова големо летно случување уште денес можете да си го овозможите тоа. И само за да Ве потсетиме, стартот на забавата е закажан за 10-ти август со почеток во 21 часот, цените се со симболична цена од 100 денари во претпродажба и 150 денари на влез. И не заборавајте да си го понесете најубавиот костим за капење… ќе биде лудо!