gogo

A+ R A-


Споменик на Св.Гаврил Лесновски ќе го краси плоштадот во Пробиштип

http://sitel.com.mk/sites/default/files/article/teaser-images/2015/august/praznik-540x320.jpeg

Пробиштип се подготвува за одбележување на Денот на рударите. По повод  28 ми август, православниот празник Голема Богородица, заштитничката на рударите ќе се одржи свечена седница на Советот. Портпаролот на Општина Пробиштип, Валентина Ангеловска вели дека градот, токму на Голема Богородица ќе добие и споменик со ликот  на Свети Гаврил Лесновски, која ќе биде поставена на Градскиот плоштад, а кој го носи и неговото име.

- Поставувањето на постаментот се реализира од буџетот, додека споменикот на Свети Гаврило Лесновски е донација од бизнисменот Чедо Петров и неговото семејство, вели Ангеловска.  

И во останатите рударски општини во источна Македонија течат подготовките за Денот на рударите. Во Општина Македонска Каменица рударите на 28 август на Градскиот плоштад ќе ги развесели Лепа Брена, а во Берово на 27 ми август пред Голема Богородица концерт ќе има мега ѕвездата Здравко Чолиќ.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.