gogo

A+ R A-


Старец од Добрево паднал од височина, се наоѓа во животна опасност

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/a/a5/Dreveno-Dobrevo-Lesnovo.JPGСтарец од пробиштипското село Добево во саботата паднал од патот од височина од околу 2,5-3 метри додека разговарал со лица кои растоварале вреќи од камион. 

Несреќата се случила околу 10.30 часот, кога седумдесет и деветгодишниот старец во еден момент додека разговарал паднал од патот и се здобил со повреди на главата.

Повредениот со медицинско возило на рудникот Злетово, кое минувало случајно, бил однесен во брза помош во Пробиштип, од каде во неконтактибилна состојба, бил пренесен во Клиничка болница во Штип.

Таму му била констатирана тешка телесна повреда –скршеница на черепот со крварење на мозокот и истиот е во животна опасност, и ќе биде задржан во Клиничка болница-Штип на понатамошно лекување.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.