Пробиштип се подготвува за фестивалот „Summer festival“, кој ќе се одржи на 29 и 30 јули.
Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски на денешната прес-конференција истакна дека фестивалот се одржува трета година и додаде оти општината и фирмите, кои донираат, се трудат да им ги разубават летните денови на пробиштипјани, но и на граѓаните од источниот регион.
За фестивалот во Пробиштип е карактеристично што организаторите исклучиво покануваат пејачи од македонската естрада.
– Имаме и од народните и забавните изведувачи, а на крајот имаме и ди џеј кој младите генерации ќе ги забавува. Првата вечер, на 29 јули со почеток околу 22 часот ќе настапат Кате и групата „Нели ти реков“, по нив следуваат „Eye Cue“ и Тијана Дапчевиќ, која ќе ја затвори првата вечер. Втората вечер ќе настапат групата „Аце и Јоце“,„Љубојна“ и „Супер хикс“, рече Тоневски. Додаде дека на фестивалот активно учествуваат и сите угостители од Пробиштип.
Минатата недела, како што рече, заврши и постапката за јавно наддавање за одредување на локациите на штандовите на угостителските објекти.
Општина Пробиштип од буџетот за овој летен фестивал одвојува 300.000 денари, а средства се обезбедуваат и од фирмите кои се спонзори на манифестацијата.
Суперхикс, Љубојна, Тијана, Eye Cue ќе настапат на „Самер-фестивал“ во Пробиштип
Најново
![]() | Денеска | 6924 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 15654 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 6924 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20924933 |