Седумдесет иосумгодишен старец беше
претепан со бастун од 43 годишен жител на селото Шопско Рудари, соопшти полицијата. Настанот се случил во четврток попладне пред продавница во кратовското село Сакулица, кога 43 годишниот И.М. под дејство на алкохол, при распаравија со С. И. (78) од с.Татомир-кратовско, со бастун го удрил неколку пати во пределот на телото. При нападот му нанел тешка телесна повреда на десната рака. С.И. е пренесен во ЈЗУ„Здравствен Дом"-Кратово, каде му е укажана лекарска помош а потоа e упатен во Медицинскиот центар во Куманово.
