Деветнаесет годишниот К.П. од Пробиштип утринава околу 3:35 часот бил претепан од група скопјани на ул. „Војвода Васил Аџиларски“ во Скопје.
Од полицијата информираат дека неколку лица физички нападнале група граѓани при што кон истите започнале да фрлаат со камења, а момчето добило тешки повреди. Истиот е повреден во пределот на главата, укажана му е лекарска помош во ГОБ “Св. Наум Охридски”.
Во физичкиот напад со телесни повреди се здобиле уште три лица.
По преземени мерки приведени се Х.М.(15), З.Ј.(26), Б.С.(28) и Љ.П.(27) сите од Скопје, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.