gogo

A+ R A-


Тони Тоневски на најубедлив начин стигна до втор мандат во Пробиштип

altНа североистокот нема да има речиси никакви промени на градоначалничките позиции, откако Мите Андоновски победи во Кратово, Тони Тоневски во Пробиштип, а Арсенчо Алексовски во Крива Паланка. Единствено дојде до смена во Ранковце, каде Орце Тодоровски е детронизиран, а на негово место доаѓа Момчило Алексовски.

Најубедливата победа во Осоговскиот регион ја оствари кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, кој со неверојатни 5.000 гласови разлика го победи својот ривал. Тој освои 7.023 гласови наспроти 2.080 на противникот, што е неверојатен сооднос од 3,5:1. Да потсетиме дека на претходните парламентарни избори во Кратово беше остварен најдобриот сооднос во целата земја, 2,3:1 во корист на владеачката коалиција.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.