gogo

A+ R A-


Тони Тоневски во трка по втор мандат, вети 300 нови проекти во Пробиштип

Кандидатот на  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија Тони Тоневски пред граѓаните на Пробиштип ја претстави својата Програма со која ќе настапува на престојните локални избори.tonevskiНајпрво тој го претстави својот отчет за сработеното пред граѓаните на Пробиштип Тоневски истакна дека во соработка со владата на ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип се реализирани деведесет проценти од проектите предвидени со програмата пред четири години.

-Во јануари ја пуштивме во употреба пречистителната станица за вода за пиење, пуштена е во употреба браната Кнежево најголемата инвестиција на Владата во источна Македонија,во завршна фаза на изградба е градскиот пазар, а во моментов се изведуваат градежните активности на  тениско игралиште кое ќе биде готово до март годинава, посочи Тоневски.

Тој ги истакна реализираните зафати во областа на инфраструктурата, асфалтирани локални патишта во должина од 10 км, асфалтиран патот до Леговец, Дренак, Плешенци, поставените нови тротоари и изградени локални улици во должина од 20 км. За сработеното во изминатиот период не се потребни зборови – имаме дела кои зборувааат и сведочат за тоа – рече Тоневски пред граѓаните на Пробиштип вечерва.

-Новата четиригодишна програма ветува над 300  нови проекти, ветува над 8 милиони евра инвестиции од сопствен буџет во сите области, со плус дополнителни инвестиции од Владата и донации, ете затоа повторно ја барам Вашата поддршка и убеден сум дека со ист интензитет  ќе продолжиме да ја градиме нашата општина и во иднина – рече Тони Тонески на вечерашната промоција во Пробиштип.

Тој на своите сограѓани им понуди конкретни проекти кои се негов адут во престојната кампања и тоа реконструкција на постоечкиот плоштад и изградба на нов, секундарен плоштад, реконструкција на постоечкиот градски парк, негово проширување, булеварско уредување на влезот на Пробиштип од страната на Штип изградбата на регионален пат Пробиштип –Св Николе и неколку други покрупни инвестиции.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.