Во организација на општина Пробиштип, а по повод најголемиот верски празник Велигден, на платото помеѓу градскиот парк и хотелот „Црешово топче“ на Велики петок со почеток во 12 часот ќе се одржи четвртиот по ред Велигденски хепенинг. И годинава повеќе од илјада шарени велигденски јајца ќе се натпреваруваат за една од наградите, кои вообичаено ги обезбеди првиот човек во општината, градоначалникот Тони Тоневски.
Ќе се изберат три најшарени велигденски јајца, надополнети со избор на најинвентивно украсени велигденски јајца и најдобро аранжирани. Целата Велигденска изложба ќе биде надополнета со богата културно уметничка програма. извор - www.probistip.mk