gogo

A+ R A-


Ветено - сторено, започна санацијата на свлечиштето во Кратово

По активирањето на големото свлечиште на регионалниот пат Кратово - Пробиштип, утринава започнаа градежните активности за санирање на свлечиштето. Багери и камиони на ЈП „Македонија пат“ пристигнаа во Кратово и максимално работат на проширување на коловозот и отварање на привремена коловозна лента. Директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Георгиевски, вчера се сретна со градоначалникот Мите Андоновски и пратеникот Марјанчо Колевски и најави итна интервенција, откако Владата вчера го разгледувала случајот и дала налог за итно решавање на проблемот. Денеска порталот „Аберџија“ излезе на лице место за да види дали градежните активности се почнати и констатираше дека ветувањето се реализира.   Оливер Арсовски

alt

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.