gogo

A+ R A-


Владата вети финансиска подддршка за рудниците „Злетово“ и „Тораница“

alt

Додека не се избере нов концесионер за рудниците „Злетово" и „Тораница" Владата ќе го преземе одржувањето на рудиците со по 60.000 евра месечно.

Премиерот Емил Димитриев, по средбата со претставници на рудниците „Тораница“ од Крива Паланка и „Злетово“ од Пробиштип и со градоначалниците од двете општини, изјави дека Владата веќе бара нови сопственици, нови инвеститори и рестартирање.

Повикот за доделување на концесија за минерални сурови е веќе распишан и треба да заврши на 14 март, а на 16 март ќе следува јавна аукција за избор на компанија која ќе ја добие концесијата.

Владата досега има добиено три писма со намери како и други контакти со неколку компании заинтересирани за инвестирање во овие два рудника.

Повеќе од 850 вработени од септември наваму не добиваат плата и се без здравствено и социјално осигурување.

Вкупните побарувања на двата рудника изнесуваат 8,5 милиони евра.

Компанијата „Лајфстоун капитал лимитед“ поднесе иницијатива за реорганизација на двата рудника за олово и цинк и најави дека е подготвен да ги исплати сите доверители кои имаат побарувања од „Индоминерали и метали“, индиската компанија која управуваше со рудниците.

Рудниците „Злетово“ и „Тораница“ не работат од септември минатата година.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.