
2.000 винички семејства од рано утринава немаат ниту телевизиски сигнал, ниту интернет. Во подметнат пожар утринава околу еден часот пеплосана е опремата на Кабелската телевизија Винсат. Соседите велат дека за пожарот разбрале кога пожарникарите пристигнале за да го гаснат пожарот.
Според сопствениците материјалната штета е голема. Полицијата засега не открива детали од истрагата, зошто и кој со бензин ја запалил опремата во виничката кабелска телевизија Винсат.
Винсат е сопственик на кабелкиот оператор Санет, кој нуди ТВ и интернет услуги во Кратово. Пожарот нема да се одрази на работењето на операторот во Кратово.