Во Општина Пробиштип во тек е реализација на неколку инфраструктурни проекти. Главниот акцент ќе се даде на целосната реконструкција на главната улица во центарот на градот „Јаким Стојковски“.
-„Инвестицијата за реконструкција на улицата изнесува 35 милиони денари, а ќе се асфалтираат 1200 метри. Тоа се средства од буџетот на општината, вели градоначалникот на Пробиштип“, Тони Тоневски.
Исто така, за инвестиција за енергетски ефикасно улично осветлување во центарот на градот општина Пробиштип ќе оддели 5 милиони денари. Инаку, Општина Пробиштип се надева и на нови средства од програмата за рурален развој од кои што треба да се прават патишта и водоводи во руралните средини.