gogo

A+ R A-


Во Пробиштип промовиран проектот „Урбан ѕид“

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски и градоначалникот на општина Пробиштип Тони Тоневски, денеска го промовираа новиот проект на Агенцијата, наречен „Урбан ѕид“. Ученици од основните и средните училишта во Пробиштип, на ѕидовите кај Тениското игралиште имаа можност да ја изразат својата креативност преку пишување на графити со позитивни пораки.

500probistip-660x330

-Многу често цртањето графити  не само во Република Македонија, туку и насекаде во светот се смета за еден тип на вандализам. Меѓутоа кога се испраќаат позитивни пораки во општетството, кога се канализира позитивната енергија кај младите улични уметници најчесто тоа предизвикува позитивна перцепција и реакција кај сите случајни минувачи и се нарекува улична уметност. Во таа насока општината Пробиштип е една од десетината општини каде што го промовира проектот „Урбан ѕид“, вели Спасевски.

Градоначалникот Тоневски истакна дека ова е позитивен проект од Агенбцијата за млади спорт, а досега токму преку оваа агенција во општината се изградени мултифункционални, фудбалски и тениски игралишта, кои веќе ги мотивираат младите да се занимаваат со спорт и рекреација.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.