gogo

A+ R A-


Во пробиштипските села се инвестира во изградба на водоводни мрежи

http://www.zlatiborpress.rs/wp-content/uploads/2015/11/vodovod_1.jpgПуштен е во употреба водоснабдителниот систем во пробиштипското село Ратавици, финансиран од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека инвестицијата е 3.200.000 денари.

- Во моментов во завршна фаза или веќе е завршен делот од трасата за водоснабдување во селото Кундино, од Филтер станицата на месноста викана Жгури до резервоарот кој се наоѓа во самото село. Нашето комунално претпријатие во моментов почнува со градежни активности, односно изградба на приклучни шахти и приклучок на сите домаќинства, по што и Кундино во своите домови ќе добие квалитетна вода за пиење, рече Тоневски.

Во пробиштипското село Турско Рудари, каде што живеат 24 семејства, но за време на викендите се враќаат оние кои што живеат во градот Пробиштип или околните градови се работи на првата фаза од изградба на водоснабдителниот систем. Тоневски забележува дека најголем дел од средствата за изградба на водоводните мрежи до селата Кундино и Турско Рудари се обезбедени преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Можам да кажам дека и во населените места, каде што веќе имаат изградено водоснабдителни системи и кои што ние како локална самоуправа ги изградивме во минатите години сега им помагаме на луѓето со изградба и на повеќе чешми и тоа таму каде што има барање. Во моментов ја завршивме чешмата во селото Долни Стубол и се подготвуваме за распишување на јавна набавка на уште неколку чешми, рече Тоневски.

Во Општина Пробиштип во текот на градежната сезона се инвестираат околу седум милиони денари во изградба на водоснабдителни системи во руралните подрачја.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.