Свлечиштето на излезот од Кратово кон Пробиштип кое веќе подолг период ги доведува во голема опасност возачите, никако да биде докрај санирано. Поради попуштање на потпорниот ѕид, едната коловозна лента е пропадната на најмалку 20 сантиметри под нивото на горната коловозна лента. При возење со поголема брзина и мало невнимание на возачот може да доведе до фатални последици. Засега проблемот делумно се решава со тенок слој на асфалт, безбедносна лента и сообраќајни знаци, но тоа не е трајно решение за безбедноста на возачите.

















