gogo

A+ R A-


Второто издание на „Аква парк фест“ во Пробиштип на 28 и 29 август

Аква Парк фестивал, големиот музички настан кој своето премиерно и исклучително успешно издание го имаше минатата година во Пробиштип, оваа година, го подготвува своето второ издание.

alt

Спектакуларното дводневно доживување оваа година ќе се одржи на 28. и 29. август, на истата локација Аква Паркот во Пробиштип и тоа со уште попозитивно, поуспешно и повесело издание.

Со само првото свое издание овој настан се наметна како омилен кај публиката која нестрпливо го очекува продолжението на неверојатно позитивната атмосфера, незаборавните концерти на десетици изведувачи, уживањето во водените лудории на Аква паркот и дводневното другарување со илјадниците посетители во кампот сместен во преубавото природно опкружување во подножјето на Осоговските планини.

Главни ѕвезди на фестивалот ќе бидат познати музички имиња кај нас, а фестивалот ќе биде домаќин и на докажани артисти од регионот и повеќе светски музички ѕвезди. За време на двата фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат 24/7 во музичката програма која ќе биде презентирана на повеќе фестивалски сцени, од страна на повеќе од 20 артисти.

И оваа година во програмата се вклучени и кино проекции, арт инсталации, работилници, а низ разни активности ќе понуди и прилика да научите подобро да се грижите за природата.

На Аква Парк Фест, посетителите ќе можат бесплатно да уживаат и во водените атракции, базени и тобогани на Аква Паркот, а ќе биде овозможен и бесплатен интернет за сите посетители.

Првото издание на Аква Парк Фестивал привлече повеќе од 15.000 млади луѓе, кои со својата позитивна енергија создадоа одлична атмосфера од која понесовме незаборавни спомени.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.