gogo

A+ R A-


Заменик-министерот за земјоделство Коњановски се сретна со земјоделците од Пробиштипско

- Како Министерство за земјоделство,  шумарство и водостопанство најавивме дека во наредниот период од четири месеци ќе поминеме 12 населени места во Македонија се со цел запознавање на земјоделците со условите за легализација на нивните објекти, како и за легализација на земјоделската механизација. Таа кампања започнува вечерва со оваа моја посета во општината Пробиштип, истакна Коњановски.

Обраќајќи им се на присутните тој ги објасни одредбите од Законот за земјоделство и  рурален развој, потенцирајќи дека земјоделците имаат можност да ги легализираат објектите кои се изградени на земјоделско земјиште, а се во функција на земјоделското производство.

altСпоред Коњановски, се работи за легализација на одредени места во Македонија, како што се рибници, помошни објекти каде што се чува земјоделска механизација, легализација на штали, помошни објекти, па дури и фабрики и погони кои се во функција на земјоделското производство.

Наша заложба е, посочи тој, изградените објекти да бидат легализирани.

- Ќе дадеме можност да се изградат нови објекти на земјоделско земјиште со единствена цел оние кои сакаат да инвестираат во своите капацитети тоа да го направат без проблеми. Голем дел од земјоделците не можат да ги користат ИПАРД фондовите затоа што немаат доказ дека се сопственици на имотите на кои се изградени објектите и фабриките. Со легализацијата на овие објекти ќе се подобри искористеноста на европските фондови, рече Коњановски.

Тој пред земјоделците зборуваше и за можностите за легализација на земјоделската механизација на тракторите и комбајните. Потенцираше дека три тима од ресорното министерство во наредниве месеци ќе имаат срдба со земјоделците од државата.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.