Изминатите три дена Пробиштип беше домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок во машка и во женска конкуренција до 22 години. На аква паркот во Пробиштип најдобрите одбојкари од 11 репрезентации на Балканот овие три дена беа дел од одбојкарскиот шампионат. На ова првенство се одиграа 48 натпревари каде што во машка конкуренција репрезентацијата на Србија го освои првото место, второ место освои селекцијата на Бугарија, а третото место во машка конкуренција го освоија одбојкарите на Романија. И во женска конкуренција нема промени во освојувањето на првите три места, одбојкарите од Србија истотака го освоија првото место, второ Бугарија и трето место Романија. Пробиштип е третиот град од Македонија, домаќин на балканско првенство во одбојка на песок, по Виница и Штип.
Заврши балканскиот Волеј Бич во Пробиштип, доминација на Србија
Најново
![]() | Денеска | 5731 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 14461 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 5731 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20923740 |