Монтирањето на опремата која ќе се користи во филтер станицата за пречистување на водата за пиење во Пробиштип е во завршна фаза.
Изведувачот на активностите, словенската фирма ИСКРА Системи најави дека во рок од една недела ќе бидат во целост завршени сите активности кои значат финализирање на овој процес и комплетно ставање во функција на овој милионски објект.
Согласно динамиката за работа се очекува дека кон крајот на месец декември истата ќе биде свечено пуштена во употреба.