Вредни домаќинки од Македонија, Србија, Бугарија и годинава во Пробиштип ги покажаа своите вештини во месење тесто. Зелници и мазници полнети со сирење, коприва, зелка, месо беа дел од богатата трпеза која денес по седми пат се постави на градскиот плоштад во ова рударско гратче. Како да се зачуваат старите рецепти и нивното традиционално готвење е единствената цел на оваа манифестација. Старите домаќинки велат дека зелниците полека се забораваат, а младите се поретко сакат да ги прават. Тајната на убавиот зелник се крие во марифетлукот, открива седумдесетгодишната Станика Николова од Пробиштип.
Зелникот на баба на Пробиштип му донесе над илјадници посетители од целата држава, кои со купување на парче зелник ќе потпомогнат на семејствата од социјален ризик во Пробиштип.
Покрај вкусната дегустација, денес посетителите имаа можност да видат како се сука зелник, но и како се прави на далеку прочуениот злетовски зелник под вршник.
