Пробиштипските атлетичари Иван Пешовски и Александар Здравковкски се вратија со два медали од Државното првенство во крос кантри трчање, кое се одржа покрај кејот на реката Вардар на 25-ти Ноември.
Двајцата настапија во категоријата младинци до 19 години и трчаа на патека долга 6 км.
Александар го освои третото место минувајќи ја патеката за 24 минути и 39 секунди,додека Иван победи со време од 20 минути и 55 секунди.
Оваа е четврта дисциплина во која Иван стана првак младинец на Македонија,претходно победувајќи на трките во планинско трчање 3000 метри и 5000 метри.
Иван и Александар претходно настапија и на Подгоричкиот маратон кој се одржа на 28ми Ноември и двајцата трчаа на полумаратонот во должина од 21 километар и постигнаа свои најдобри лични времиња,подобрувајќи ги претходните резултати од Скопскиот маратон годинава. Иван патеката долга 21 км ја истрча за 1 час и 24 минути. Александар ја истрча за 1 час и 37 минути.
Воедно овој настап е и последен за нив годинава и последен како младинци.
Од наредната година ќе се натпреваруваат во категорија сениори.
Им честитаме за успехот и им посакуваме многу среќа во понатамошните трки.