Ниту Светската здравствена организација ниту Европскиот центар за контрола и превенција на болести немаат документирано болест или состојба позната како „вакцинален имунодефицитарен синдром“ (антиваксерските кругови уште го нарекуваат и ВАИДС). Истражувањето од Центарот за контрола и превенција на болести на САД покажува дека вакцините против ковид-19 го засилуваат имуниот одговор
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека вакцинираните луѓе имаат имнунодефицитарен синдром.
И така почнува. ХИВ веке почна да се споменува по медиумите, а никој не кажува дека од третата мРНА вакцина лугето имаат намален имунитет(имуниодефицитарен синдром) и треба да се тестираат за ХИВ (како што ни порача Нобловецот Монтаније). Британскиот весник Гардијан ни кажува принц Хари се тестирал. Почнува така и за еден месец, ќе врие, се вели во постот.
Исто така, лажно е било кој да тврди дека вакцинацијата резултира во ерозија на имунитетот или стекната имунодефициенција, ако воопшто нешто такво и постои, вели тој.
Вакцините против ковид-19 не предизвикуваат имуносупресија. Ова е дезинформација слична на тоа дека земјата е рамна плоча. Овие вакцини веќе се администрирани на милиони луѓе во светот и податоците покажуваат дека се екстремно ефективни и безбедни дури и кај луѓе со претходни состојби на ослабен имунолошки систем, вели професорот.
Портпаролот на СЗО за Еуроњуз вели дека нема ниту еден кредибилен извор кој објавил нешто за ВАИДС и ова го оцени како дезинформација. Бразилската асоцијација за инфективни болести излезе со известување дека нема корелација меѓу било која вакцина против ковид-19 и СИДА.
СИДА е генерализиран компромис во целото тело на специфичен подвид на имуни клетки (повеќето ЦД4 и лимфоцити), предизвикан од инфекција со ХИВ 1 вирусот примарно. Нема дел од вакцината кој предизвикува СИДА, вели директорот на Биодизајн центарот за имунотерапија, вакцини и виротарапија на Аризаона Стејт Универзитетот.Â
И проверувачите на факти на „Фулфект“ го побиваат тврдењето дека вакцините против ковид предизвикуваат ХИВ или СИДА.
Имунолошкиот систем не постои само за да превенира инфекција, туку и за да се бори против инфекција откако таа ќе се случи. Ако имуниот систем не успее да превенира инфекција против специфична болест, тоа не докажува дека некој „се разболува од форма на СИДА”. СИДА е прогресија на ХИВ. ХИВ може да се добие само со директен контакт на течности од некој кој има ХИВ со детектабилна виралност. Со оглед на тоа што вакцините против ковид-19 не содржат ХИВ, не можат да предизвикаат СИДА, пишуваат тие.
Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека постот што го рецензираме во кој се тврди дека поради вакцините против ковид-19 луѓето имаат имунодефицитарен синдром, е невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар