gogo

A+ R A-


Стојановски: Политички и медиумски кругови со години ги навикнуваат Македонците дека...

Фото: Ванчо Џамбаски
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2022/03/51723039365_501ac40108_z.jpg

Откако започна руско-украинската криза кај нас на социјалните мрежи, почна да се води пропагандна војна, полна со говор на омраза и „навивање“ за една од завојуваните страни.
Одредени политички и медиумски кругови со години ги навикнуваат граѓаните на Република Северна Македонија дека говорот на омраза е нешто „нормално“ и дека повиците на насилство се „нормален“ дел од политичкиот дискурс, тоа дури се претставува како нешто „демократско“, вели во разговор за „Локално“, Филип Стојановски директор за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата „Метаморфозис“

Наспроти тоа, Стојановски потенцира дека нашиот Кривичен законик ги смета за кривични дела говорот на омраза, повиците за насилство и оправувањето на злосторства против човештвото, воени злосторства.

altЗа жал тоа што нашето обвинителство, судство и други државни институции не се целосно реформирани по европски терк овозможува неказнивост за вакви кривични дела, а тоа потоа се пренесува и на однесувањето на граѓаните, подвлекува тој.

Во однос на војната против Украина, според него недвосмислено се гледа дека неколку извори на пропаганда ги поттикнуваат граѓаните да одобруваат крвопролевање наместо мирно решавање на конфликтот, за што е предуслов агресорот Русија да запре со агресивно однесување.

Меѓу таквите извори спаѓаат неколку локални политички партии и индивидуални политичари, медиуми и армии на тролови поврзани со нив, кои и претходно имаат искажувано антизападна, анти-ЕУ и анти-НАТО ориентација, а настојуваат да наметнат авторитарно владеење во стилот на диктатурата на Владимир Путин. Кај дел од медиумите кои не се видливо поврзани со такви центри на моќ се гледа дека потпаѓаат под странски влијанија, од начинот на кој ги пренесуваат содржините од и за Русија, објаснува тој.

altФото: Ванчо Џамбаски

Стојановски вели дека особено важно во овој случај е влијанието врз медиумите кои пиратизираат вести од Србија и други соседни земји, бидејќи тие политичките пристрасности некритички ги пренесуваат од тамошните медиуми, појаснувајќи дека овие странски влијанија наидуваат на плодна почва кај нас бидејќи нашите граѓани се подложни на теории на заговори што е потврдено и со претходни истражувања на  Фондацијата „Метаморфозис“.

Според него, нивото и особено квалитетот на образование е еден од факторите кои граѓанинот го прават отпорен или не, на ваков тип манипулации.

Тоа е еден од клучните елементи по кој нашата земја е на дното на европската листа според ниво на отпорност на лажни вести. Затоа е важно унапредување на медиумска писменост и нејзино воведување во сите степени на образованието.Исто таа важен елемент е и домашното воспитување. Ако родителите им ги полнат главите на децата со предрасуди, ако не ги поддржуваат кога треба да развијат вештини за критичко мислење, на таквите деца ќе им биде тешко да не пораснат во слики на своите родители. Еден од главните наоди на студијата на „Метаморфозис“ за дезинформациите околу ковид-19 од 2020 година е дека огромна улога во спремноста да се прифатат и шират дезинформации е политичката пристрасност. Многу луѓе кај нас се ставаат во улога на пренесувачи на дезинформации за кои мислат дека помагаат да успее некоја нивна кауза, или пак сметаат дека се на штета на нешто за кое имаат негативно мислење (кауза, идеологија, партија, држава, сојуз…). Истите психолошки механизми се во функција и во врска со тековната војна. Жалното е што тие често ги шират таквите дезинформации и без да веруваат во нив, но со тек на време и самите ги усвојуваат и стануваат жртви на измами, објаснува Стојановски.

Притоа додава:

Тоа се случува и на највисоко политичко ниво кога на носители на одлуки почнуваат да веруваат во сопствената пропаганда. А тоа е рецепт за катастрофа, бидејќи ги прави неспособни за соочување со реалноста.

Тој потенцира дека е потребно итен одговор од сите државни институции бидејќи загрижува сè поголемата агресивноста на македонскиот граѓанин.

Токму европското искуство со нацизмот кој е победен со невидени дотогаш жртви 1945 година, довело до воспоставување на системот за заштита на човекови права кој на ниво на Советот на Европа говорот на омраза го смета за кривично дело. А тоа искуство покажува дека ширењето омраза и промовирањето дискриминација, потпалувањето на ниски страсти води кон физичко насилство, обиди за истребување на неистомислениците и „поинаквите“, што доколку се дозволи да се развие и до војни и геноцид. Бевме сведоци на ваков развој на настани при војните по распадот на Југославија, кога прво уште од 1980-тите беше подготвуван терен со националистичка пропаганда, со која се оправдуваше започнување насилство, за до 1995 година дa кулминира со геноцидот во Сребреница, кога илјадници луѓе се погубени само заради припадност на одредена етничка група, појаснува Стојановски.

Во ваква ситуација, според него секој од нас може да се запраша дали она што го прави помага да се спасат човечки животи и да запре понатамошно уништување или не.

Борбата за човекови права се води преку борба за вистината, затоа е важно да се поддржат професионалните новинари, а особено оние кои вршат проверка на фактите и ги разоткриваат дезинформациите, како што тоа кај нас го прави „Вистиномер“. Многумина меѓу нас се заблудени со пропагандата што ја оправдува освојувачката војна почната од Русија уште од 2014 година како средство за решавање на проблемите, подвлекува тој.

Стојановски вели дека секој од нас треба да се соочи со фактот дека со години сме учени да мразиме и дека овој проблем бара не само лично самоиспитување, туку системски одговор и од државата и од образовниот па и од здравствениот систем.

Бомбардирањето со дезинформации и говор на омраза влијае и на менталното здравје.Друга работа што секој од нас може да ја направи е да се запраша на кои сè лаги има поверувано деновиве и зошто. За мене е нормално ако некој ме излажал да не му верувам повеќе, па верувам дека истото секој од нас може да го примени и за медиуми и политички фигури, смета тој.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.