Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, говорејќи денеска за конфликтот меѓу Украина и Русија, рече дека не би било претерување да се каже дека денеска се решава судбината на меѓународниот правен поредок. Во својот говор на панел дискусијата на тема „Украинско – руската криза и Северна Македонија“, таа истакна дека или ќе живееме во релативно стабилен свет со јасни правила на игра за секоја држава, без исклучок, во согласност со основните меѓународни правила на правото, или постојниот систем ќе биде целосно уништен. Според неа, ова прашање ги засега сите земји, вклучително и Северна Македонија, пишува Portalb.mk.
Т. Б. 09-02-2022
„Прашањата не се однесуваат толку на односите меѓу Русија и Украина, туку за сите земји, вклучително и за пријателска Северна Македонија. Или сите сме на страната на силата на правото или ќе победи авторитарната Русија со своето право на сила. Конкретно, руско – украинскиот конфликт, секогаш е тешко со соседите, но цивилизираните земји споровите ги решаваат на цивилизиран начин. Не можам да замислам некој сосед на Македонија во 21 век да дојде кај вас и да украде дел од територија убивајќи 15.000 луѓе. И сето тоа само поради фактот што вашата земја сака сама да ја избере својата иднина“, рече Задорожњук.
Амбасадорка на Украина во Скопје Наталија Задорожњук; Фото: Амбасада на Украина во СкопјеТаа рече дека заедно со сојузниците формулирале три насоки за спречување на Русија: дипломатско – политички, економски санкции и воено – технички. Политичката насока е солидаризирање со Украина, економската е зајакнувањето на политичките санкции кои ја прават Русија многу послаба, додека третата е воената помош, обезбедувањето одбранбено оружје.
„Во таа насока очекуваме и јасна и недвосмислена политичка поддршка од пријателска Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да се приклучам кон санкциите на ЕУ (не можете да седите на две столчиња, има моменти во животот кога треба сами да одлучите, пред се на која страна од барикадата сте. Украинците имаат многу убедливо негативно искуство со неутралноста). Ако одиме во ЕУ и НАТО, ако сме дел од европските вредности, тогаш тоа го демонстрираме не само со зборови, туку и со дела“, рече украинската амбасадорка.
На панел дискусијата учествуваа и експерти од областа. Аналитичарот Александар Николиќ Писарев во својот говор изрази загриженост за дезинформациите и пропагандата на руското влијание.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар