gogo

A+ R A-


Вакцината за децата нема да е задолжителна, исто како што не е ни за возрасните!

Преземено од: vistinomer.mk
https://vistinomer.mk/wp-content/uploads/2021/06/1024px-pfizer-biontech_covid-19_vaccine_2020_c-750x430.jpg
Army Spc. Angel Laureano holds a vial of the COVID-19 vaccine, Walter Reed National Military Medical Center, Bethesda, Md., Dec. 14, 2020. (DoD photo by Lisa Ferdinando)

Рецензираме пост на Фејсбук, во кој се изнесени дезинформации во врска со вакцинацијата. Во постот се вели дека ,,фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите после летното опуштање од апсурдните мерки”.

Постот сугерира дека делта варијантата е измама, односно дека поради неа од „есен ќе следува истата гнасна игра на страв, болест и умирачки“, иако оваа варијанта е официјално регистрирана од Светската Здравствена Организација.

Ги спремаат младите за ваксајнс. Делта сој на вирус. Фашизмот продолжува со планирани измами, за втерување страв кај младите, после летното опуштање со апсурдните мерки. Од есен повторно истата гнасна игра, страв болест и умирачки. Овој пат само ќе ви течат мрсули, малку студ, ама вкус и мирис не губите. Може да си кркате, пиете, но може да ширите зараза на забави! Почнаа со набавки на нова тура ПЦР тестови, преку принуда ќе тестираат и пелцуваат, ако влезете во ковид шема преку тестирања, веќе сте под нивна контрола. Толку се провидни, се читаат од старт. Бидете спремни да се заштитите вие и вашите деца”, пишува авторката на постот и додава текст објавен во медиум во кој се опишуваат симптомите на делта типот на коронавирусот, неофицијално познат како ,,индиска мутација”.

Во описот на симптомите се вели дека младите заразени со делта мутацијата имаат главоболка и течење на носот, ама, сепак, се преносители на вирусот, поради што излегуваат и се дружат, па може да ја пренесуваат заразата. Повеќе за индиската варијанта на коронавирусот прочитајте на следниот линк.
Иако во написот кој е дел од овој пост се опишуваат симптомите кај децата, за делта варијантата веќе и македонските медицински професионалци зборуваат дека не е нималку наивна. Така, доктор Злате Мехмедовиќ од Здравствен дом Скопје, кој во екот на есенскиот бран на ковид пандемијата работеше во ковид центарот на Клиниката за неврологија, опишува некои сознанија кои доаѓаат од земјите каде што веќе е раширена индиската мутација на коронавирусот.
– Постојат три симптоми кои ја разликуваат оваа варијанта од останатите кога е во прашање зголемен број на случаи со гангрени и ампутации на прсти и стапала како резултат на засиленото згрутчување на крвта, нешто што не беше вообичаено за алфа варијантата. Се развиваат микротромбови, кои се причина за силно изразени компликации на екстремитетите, изумирање на здравото ткиво и развој на гангрена кај еден од секои четири пациенти кои имаат нарушени параметри на коагулација. Таквите микротромбови се сретнуваат и во дигестивниот систем, во цревата. Како втор симптом, кој е значително поизразен кај делта варијантата, се проблемите на системот за варење. Значително повеќе се јавува повраќање, пролив, гадење и намален апетит. Третиот поизразен симптом е нарушување или губење на слухот кај некои пациенти, оток околу вратот и воспаление на крајниците. Промената на клиничката слика кај делта варијантата укажува на зголемена агресивност на вирусот, што е дополнителна причина да го средиме неговото ширење на глобалната мапа вели д-р Мехмедовиќ во интервју за Слободен печат.
Делта варијантата е проширена во повеќе од 80 земји ширум светот и сочинува 10 проценти од новите случаи во САД. Претставник на СЗО предупреди дека таа станува доминантна во светски рамки!
Значи, таа постои и нема потреба да се фабрикува за на есен да се вакцинираат младите луѓе. Текстот кој е прикачен во склоп на постот кој го рецензираме, само ги опишува симптомите што оваа варијанта ги предизвикува кај младите.
Невистина е и дека вакцинацијата во земјава е нешто на кое било кој принудува, како што сугерира постот.
На следниот линк на Министерството за здравство може да се информирате и дека не е обврзувачка ни вакцинацијата против ковид за возрасните! Секој граѓанин кој сака да се вакцинира, изразува интерес за тоа преку сајтот за вакцинација, а пред да биде имунизиран, потпишува изјава за согласност. Ниту вакцинацијата е задолжителна, ниту обврзувачка, ниту некогаш таква најава била дадена! Вакцинацијата против ковид е на доброволна основа.
Меѓутоа, со манипулацијата во постот кој го рецензираме, се нафрла тезата дека новиот сој на коронавирусот, односно делта варијантата е измама, чија крајна цел и таргет се децата, односно нивната вакцинација.
Исто така, се агитира против ПЦР тестовите, иако тие се златен стандард во откривање на инфекцијата со вирусот. Во постот се тврди и дека ,,сте под нивна контрола ако влезете во системот на тестирање и вакцинација”, иако не е јасно кои се ,,тие” под чија контрола сте и за каква контрола се работи. Со тестирање се открива присуството на коронавирусот, тоа е задолжително за патување, доколку некој не сака да се вакцинира.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека е невистина дека принудно ќе се вакцинира, ниту тврдењето дека делта варијантата е подготовка на младите да примат вакцина. Можеби ќе има опција за деца од 12 до 16 години да се вакцинираат, меѓутоа таа нема да биде обврзувачка.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

my way

aberdzija 10 godini

youtubeplayer-xlarge

sil

Sanceva

Busbunar

mod_vvisit_counterДенеска1413
mod_vvisit_counterВчера6769
mod_vvisit_counterОваа недела18921
mod_vvisit_counterМинатата недела31822
mod_vvisit_counterОвој месец95159
mod_vvisit_counterМинатиот месец153921
mod_vvisit_counterВкупно15824286
© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.