Силекс триумфално се враќа од Струга
&feature=player_embedded
Екипата на Силекс прокнижини три бода на гостувањето во Струга, кај 11 Октомври откако кратовчани триумфираа со 2-1. Нацев во 28-та минута и Насевски во 51-та стрелаа за четата на Андонов додека почесниот погодок на прилепчани беше дело на корпулетниот Гешоски во 69-та минута. Суспензијата на стадионот во Прилеп, “Гоце Делчев“ гo однесе 11 Октомври на градскиот стадион во Струга кој не се покажа среќен за “домаќините“. Почетокот на натпреварот беше млитав без некои посериозни прилики за погодок.
По половина час игра Силекс го откри резултатот преку Нацев. Марков доби употреблива топка се ослободи од дефанзицивецот Димитриески центрираше топката го прелета голманот Коруноски, а Нацев само се поклони пред празната мрежа. Пред крајот на првиот дел во 44-та минута во еден воздушен дуел се судрија двајцата дефанзивци на прилепчани Данаилов и Мирчески. “Штоперскиот“ тандем поради сериозноста на повредите беше заменат и пренесен во струшката болница.
Недостатокот на “зидот“ пред голот на Коруноски се осети во 51-та минута, кратовчани со погодокот на Насевски го зголемија водството на 2-0. Прекршокот од косо се покажа кобен за фудбалерите на 11 Октомври, Лампевски нафрли во срцето на 16-те метри најдобро во мешаницата се снајде Насевски кој со глава ја тресе мрежата на прилепчани. Сите прашања околу победникот избраниците на Андонов можеа да ги решат во 58-та минута откако Рутевски играше со рака во казнетиот простор, а главниот судија Мантев покажа на белата точка. Нацев шутираше ниско по земја во десниот долен агол но Коруноски со парада ги остави прво борците во живот.
Непишаното правило во фудбалот “фека кога нема фа се искористат шансите следува казна“ ги стигна кратовачни во 69-та минута кога Гешоски го намали резултатот на 2-1. Рутевски остро нафрли од слободниот удар, голманот на Силекс, Божиноски кратко боксуваше до Марковски кој ја прифати топката и центрираше на втората статива до Петрески овој со глава шутира само во стативата, а од втор обид Гешоски ја спроведува во голот.
Постигнатиот погодок им даде крилја на избраниците на Секуловски, кои нападнаа со сите расположливи средства кон голот на Божиноски. По прекршокот на средината на теренот, Кулески нафрли Марковски ја закачи топката доволно за да ја прелета комплетната одбрана на Силекс, таму со лизгачки старт Димитроски ја затре мрежата, но вториот помошник на Мантев, Димитров го поништи голот поради офсајд ситуација. Во финишот на мечот фудбалерите на 11 Октомври бараа најстрога казна откако Гешоски центрираше, топката го закачи Мишоски, но судијата Мантев не покажа на белата точка покрај силните протести “црвените“.
Силекс оствари вредна победа на гостувањето во Струга, кратовчани со 13 бодови се зацвсртија на средината на табелата додека 11 Октомври го забележа осмиот пораз и остана закован на днотот во првата македонска фудбалска лига.
Силекс - Божиноски, Костадиноски, Атлески, Петров, Мишовски, Стојаноски (85` Кочоски), Лампевски, Јовановиќ, Насевски, Марков (90` Бајиќ), Нацев (73` Митевски)