gogo

A+ R A-


20.000 посети за 6 месеци

Рапиден пораст на посетеноста на порталот

20.000 посети на порталот „АБЕРЏИЈА“ за само 6 месеци постоење

Уредник: Оливер Арсовски

Во новинарството нема друг критериум за успешноста на еден медиум од неговата посетеност и читаност. Или те читаат или не те читаат, трето нема... Од љубопитност читателот може да го отвори порталот еднаш, можеби двапати, но доколку нема содржина која ќе го задржи неговото внимание, засекогаш ќе ја заборави веб-адресата. За среќа, електронското издание на весникот „Аберџија весник за Кратово“ бележи рапиден пораст на читатели и посетеност. Пред 6 месеци, кога со несебична помош на веб-дизајнерот Мартин Марковски ја изработивме веб-страната, бележевме скромна посетеност до 50-тина читатели дневно. Денес, 6 месеци подоцна, со гордост можеме да заклучиме дека „Аберџија“ е најпосетуваниот сајт во нашата општина, со просечно 300 посети дневно. Или збирно, можеме да се пофалиме со 20.000 посети за шест месеци постоење, а неодамна ја пробивме и бариерата од 1.000 фанови на Фејсбук. Нашата намера е да бидеме што е можно повеќе објективни во информирањето, да пренесуваме информации, а да оставиме читателот сам да расудува и коментира.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.