gogo

A+ R A-


Александар Ставрев ќе дели правда на мечот Шкупи - Силекс

altНашиот најдобар судија, Александар Ставрев, ќе го суди дуелот помеѓу Шкупи и Силекс, што ќе биде негово второ делегирање на мечевите на Силекс во рок од седум дена. Претходниот викенд Силекс ја совлада Ренова со 3-0, а Ставрев перфектно си ја заврши работата. Стојанче Стојанов ќе ја дели правдата на мечот Победа - Работнички. Далибор Ѓорѓески ќе биде на центарот во Штип на натпреварот помеѓу Брегалница и Македонија ЃП. Димитар Мечкаровски ја доби задачата да биде главен судија на вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер, кое ќе се одигра на „Телеком арена“ в недела со почеток од 16.00 часот. Мустафи Фатон ќе биде на центарот во Тетово во градското дерби помеѓу Шкендија и Ренова.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.