Познати се судиите за 28-то коло од ПМФЛ. Дејан Јакимовски ќе го суди најинтересниот натпревар викендов кој што се игра на „Чаир“ помеѓу Шкупи и Вардар. Најдобриот интернационален судија Александар Ставрев суди на средбата Силекс - Шкендија, додека Јосип Бартон ќе биде главен на пелагониското дерби.
Димитар Мечкаровски ќе ја дели правдата на дуелот Ренова - Брегалница, додека средбата Работнички - Македонија ЃП ќе ја суди Стојанче Стојанов.