gogo

A+ R A-


Александар Василев потпиша за шампионот на Мјанмар

altДефанзивецот на второлигашот Тиверија, Александар Василев, направи трансфер во шампионот на Мјанмар. Јангон Јунајтед е клуб кој веќе три години неприкосновено владее во фудбалскиот шампионат, а Василев ќе ги брани боите на овој тим една година.

-Ова ќе биде мое второ интернационално искуство, откако пред неколку години настапував за норвешкиот второлигаш Алта. Јангон е клуб формиран пред пет години, во сопственост на богат бизнисмен, а веќе има три титули и два куп-трофеи. Со мене во тимот е и Мајкл Цветковски, екс-играчот на Пелистер, Беласица и Работнички – ни рече Василев, кој во минатото кусо време беше играч на Силекс.
Во Мјанмар веќе втора година се наоѓа и битолчанецот Марјан Секуловски, кој со успех го води Ајејавади Јунајтед.  Оливер Арсовски

објавено во http://www.vest.mk/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.