Искусниот голман со докажан квалитет Андреја Ефремов од вчера веќе не е играч на кратовскиот прволигаш Силекс. Чуварот на мрежата по извонредната ланска сезона, во која беше неприкосновен на голот на Силекс, годинава бранеше во првите неколку кола, а потоа воопшто немаше минутажа.
Тој веќе има неколку понуди, а допрва ќе одлучува каде ќе продолжи. 27-годишниот голман покрај за Силекс на домашната сцена играше за Металург, Работнички и Ренова, а има интернационални настапи за португалски Фамаликао и бугарска Локомотив Софија.
