gogo

A+ R A-


Ане Андовски го напушти кормилото на Силекс

Иако последниве четири години Силекс ниеднаш не играше во баражот за опстанок во фудбалската елита, тоа не беше доволен аргумент за раководството на кратовци да му понуди нов договор на досегашниот тренер Ане Андовски. Играчката легенда на Силекс по 3,5 години на кормилото на овој клуб, од вчера веќе не е шеф на стручниот штаб на тимот кој сезоната ја заврши на солидната шеста позиција.

- Договорот со кратовци ми истече и веднаш по прозивката за почеток на летните подготовки, седнавме на преговори со раководството на клубот. За жал, не успеавме да најдеме заеднички јазик и јас, слободно можам да кажам, не сум веќе шеф на стручниот штаб на Силекс - ни кажа вчера Андовски.

altВо клубот сите активности се одвиваат нормално, тренинзите продолжуваат под водство на досегашниот прв асистент Драган Иванов. Неофицијално, неговото име се спомнува како можен наследник на Андовски, иако с` уште ја нема потребната лиценца за водење прволигашки клуб. Во кулоарите се врти и името на поранешниот играч на Силекс и кратовски зет, Љубодраг Милошевиќ, кој е еден од потенцијалните кандидати и за кормилото на новиот прволигаш Пелистер.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.