gogo

A+ R A-


Ангел Нацев се одмазди на Силекс, Брегалница речиси обезбеди опстанок

Пред малку завршија три средби од 27. коло во Првата лига, останатите две се играат во вторник. Брегалница со головите на поранешниот силексовец Ангел Нацев во 8. и 68. минута го победи Силекс со 2:0. Ова значи дека „сините“ ја продолжуваат успешната пролетна серија. Мало изненадување во Битола. Пелистер успеа да одигра 1:1 против фаворизираниот тим на Ренова. Битолчани поведоа со голот на Љамчевски постигнат во 4. минута. Додека Ренова израмни во 37. минута со 16 гол во првенството на Емини. „Кикс“ на Металург на домашен терен против Тетекс.http://ekipa.mk/wp-content/uploads/2015/04/bregalnica-sileks.jpg Момците на стратегот Срѓан Захариевски одиграа само 0:0 против „фенерџијата“ Тетекс. Треба да се напомене дека „железарците“ речиси цело второ полувреме играа со играч повеќе откако Стојковски доби црвен картон.
Во вторник во Турново со почеток во 16 часот домашниот Хоризонт Т ја пречекува Шкендија а два часа подоцна во Скопје на „Филип Втори“ ќе започне супер дербито помеѓу Вардар и Работнички. Со овие два меча завршува и третиот круг од тековниот шампионат. По ова коло екипите се делат на оние кои ќе играат во плеј - офот (за титулата) и оние во плеј - аутот (за опстанок).

Голманот на Брегалница, Филип Гачевски е нов македонски рекордер по бројот на минути без примен гол во македонскиот шампионат. По денешниот триумф на Брегалница против Силекс од 2-0, Гачевски успеа да стигне до 797 минути без примен гол во македонското првенство со што го собори досегашниот рекорд на актуелниот голман на Вардар, Томе Пачовски стар седум години кој изнесуваше 791 минута.

Последниот примен гол во шампионатот Гачевски го има на 10. март од гостувањето против Ренова во Тетово кога Брегалница загуби со 2-1, а Емини во 13. минута го постигна вториот гол за „гипсарите“. Од тогаш 797 минути не знае за примен погодок.

Пачовски, кој сега е на второто место на листата својот рекорд го има од сезоната 2007/2008 кога во дресот на Работнички Кометал остана 791 минута без примен гол.

На третото место на листата на македонските голмани е Лазо Липовски кој во периодот додека бранеше за Слога Југомагнат остана 740 минути без примен гол.

Филип Гачевски во моментов е и на делба на 117. место на вечната листа на најдобрите голмани во светот со најдолга минутажа без примен гол заедно со Бернард Лама од ПСЖ (сезона 1996/97) и Матиас Аспер од шведски АИК (1999 година).

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.