Младинскиот репрезентативец Ангелче Тимовски заработи незгодна повреда, откако по еден жесток воздушен дуел лошо падна на левото рамо. По болните извици и лекарската интервенција, големиот борец Тимовски одби замена и продолжи да игра. Сепак, по само 2-3 минути, беше приморан да го напушти теренот и да замине во болница. Два часа по завршувањето на мечот, Тимовски ни изјави дека нема скршеница, само изместување на рамото и испаѓање на мускулите. Со мала интервенција во Штип, состојбата е санирана, но Тимовски чувствува силна болка која не би требало долго да го оддалечи од терените.

















