gogo

A+ R A-


Арсовски закрепна, се враќа за утрешниот меч со КМФ „Рудник Саса“

Овој викенд се игра 15-то коло во Втората Футсал лига. Ќе има многу интересни натпревари, затоа што на секоја екипа и се потребни бодови бидејќи сеуште е неизвесно на горниот дел на табелата. КМФ Кратово игра извонредно значаен меч против Рудник Саса, на кој се освен победана домаќините ќе биде изненадување. Во тимот се враќа еден од најдобрите играчи на кратовци, Горан Арсовски, кој закрепна од повредата добиена на претходното гостување.
-Почнав со тренинзи и утре ќе бидам максимално подготвен да му помогнам на тимот да стаса до трите бода. Гостува цврст, жилав противник, кој нема лесно да се предаде. Нам ни се потребни бодовите од овој меч како суво злато, па ќе сториме се за да останеме во битка за второто место - изјави Горан Арсовски.
alt14.03.2015 - Сабота
16:00 часот КМФ Кратово - КМФ Рудник Саса
17:30 часот КМФ Бели - КМФ Овче Поле
17:30 часот КМФ Шкупи - КМФ Шкендија
15.03.2015 - Недела
19:00 часот КМФ Цико - КМФ Гемиџии
КМФ Богородица слободен ова коло.
ТАБЕЛА:
1. КМФ Шкупи 31
2. КМФ Цико 27
3. КМФ Кратово 26
4. КМФ Шкендија 25
5. КМФ Рудник Саса 23
6. КМФ Овче Поле 15
7. КМФ Бели 9
8. КМФ Гемиџии 6
9. КМГ Богородица 3

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.