Фудбалерите на Б-тимот на Силекс одиграа нерешено 2-2 на денешното гостување во Скопје против б-тимот на Работнички. Домаќинот поведе со 2-0 на полувреме, но кратовци со далеку подобра игра во вториот дел стигнаа до израмнување со головите на Ацевски и Распашковски. Веќе во вторник кратовци ги очекува нов дуел на свој терен против Металург Б.

















