Екипата на Силекс продолжува со добрите игри и резултати во подготвителниот период. Попладнево во Штип кратовци одиграа контролен дуел против второлигашот Баби и славеа со 3-2.
Силекс прв го отвори резултатот и поведе со голот на Савановиќ во 25м. По израмнувањето од страна на домаќините во 40м, гостите постигнаа два гола и тоа преку холандскиот интернационалец Натано во 60м и С.Насевски во 70м за водство од 3-1. До крајот на средбата Баби успеа да постигне уште еден погодок во 75м за конечни 3-2.
Силекс на овој дуел настапи во состав: Митковски, Петров, Рајда, Лампески, Ѓорѓевиќ, Мијатовиќ, Коњарски, Савановиќ, Стаменковиќ, Павловиќ и Ѓеоргиев.
Во вториот дел играа утше и Ангеловски, Николиќ, Ивановк, Кариќ, Стојановски, Тимовски и Насевски.
По овој натпревар тренерот на екипата Небојша Петровиќ им даде три дена слободни на фудбалерите по што ќе продолжат завршните подготовки до стартот на првенството.
КОНТРОЛНИ СРЕДБИ:
Македонија ЃП-Силекс 2-2
Силекс – 11 Октомври 1-0
Силекс – Корзо 2-0
Силекс – Напредок 2-0
Силекс – Борча 0-0
Силекс – Баби 3-2