Серијата без пораз на кратовци заврши попладнево во Ѓорче Петров. Фудбалерите на Работнички беа подобар ривал и победија со 2-0 со головите на Баже Илијоски. Во 18-та минута, Илијоски го искористи одличниот центаршут на Горан Силјановски и ја затресе мрежата на кратовскиот прволигаш. Само една минута подоцна, Илијоски во соло акција излезе сам пред противничкиот голман и зголеми на 2-0.
Шансите за евентуален пресврт паднаа во вода по вториот жолт картон на Стефан Рудан во 33-тата минута, кога кратовци останаа со играч помалку.
ПРВА ЛИГА, ПЕТТО КОЛО
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-0
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР 0-2
Х.ТУРНОВО – ШКЕНДИЈА 0-3
МЕТАЛУРГ – МЛАДОСТ ЦД 1-2
РЕНОВА – ШКУПИ 1-1
Табела: Вардар 13 бода, Шкендија 12, Силекс 10, Шкупи 7, Работнички 6 (-2), Младост ЦД 6 (-1), Турново 5, Брегалница 3, Ренова 1 (-1), Металург 1.
фото - Екипа.мк