gogo

A+ R A-


Без голови во контролката со соседите од Штип

Пријателско реми меѓу Силекс и Брегалница

пишува - Оливер Арсовски

Второ реми на фудбалерите на кратовски Силекс во четвртиот контролен меч одигран летово. Старите ривали Силекс и брегалница одиграа квалитетен меч, со доста жар и динамика, на кој единствено недостигаа голови во мрежата на Божиновски и Алчинов. Првото полувреме им припадна на гостите, кои одиграа поквалитетно и создадоа неколку зрели прилики. Вториот дел им припадна на домаќините, кратовци одиграа далеку поконкретно во нападот, имаа и 3-4 зрели прилики, но мрежите останаа нечепнати.Следната контрола на кратовци најверојатно ќе биде против Треска, на 9 јули.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.