Денес е денот Д за фудбалерите на Силекс и Работнички, по денешниот ден некои работи би можеле да станат појасни, но би можеле и максимално да се искомплицираат. Во Кратово (13 часот) играат два претенденти за третата позиција која води во Лига Европа, тимови кои имаат квалитет и знаат да играат фудбал. Доколку одиграат фајтерски, публиката би требала да ужива во тие 90 минути, но не е исклучено поради важноста на бодовите да гледаме калкулантски фудбал без многу убавина и уживање. Силекс е во предност од цели пет бода пред денешниот ривал, а со нови три, тоа ќе бидат големи капитални осум бода разлика (гостите имаат заостанат меч против Вардар).
-Работнички, исто како и ние, во последно време игра во врвна форма и не знае за пораз. Во машка игра, со голема борбеност од наша страна, сметам дека сме моќни да го совладаме нашиот противник и да освоиме извонредно значајни три бода. И бод нема да биде неуспех, но ние на секој меч атакуваме на трите бода. Го знаеме квалитетот на Работнички, тие имаат одлични индивидуалци на секоја позиција. Но, мое мислење е дека исходот на овој меч нема да зависи од гостите, туку од нашиот пристап. Ако одиграме како што знаеме, бодовите остануваат во Кратово - вели младинскиот репрезентативец Боби Георгиев, од кого се очекува погодок на овој меч.
Судија на мечот ќе биде охриѓанецот Марјан Марковски. 
Изненадување е тоа што во онлајн обложувалниците благ фаворит е Работнички, со квота 2.40 за победа, додека триумфот на Силекс се вреднува со 2.70.
			                                         
		
		
	
	
			                                    
			                                    		                                    	                                    Боби Георгиев: Пофалбите за Работнички, бодовите за Силекс
Најново

![]()  | Денеска | 768 | 
![]()  | Вчера | 2421 | 
![]()  | Оваа недела | 5462 | 
![]()  | Минатата недела | 20600 | 
![]()  | Овој месец | 7999 | 
![]()  | Минатиот месец | 109072 | 
![]()  | Вкупно | 22410486 | 















