Според информациите кои ги објавува „спорт365“, се вели дека екипата на Стеауа од Букурешт во наредните неколку денови треба да одигра 10-тина натпревари на тренинг кампот во Шпанија. Информациите кои пристигаат од романските медиуми велат дека Стеауа утре го игра првиот контролен натпревар, против екипата на германски Нирнберг на стадионот во Марбела со почеток од 19,00 часот. Во составот е секако и нашиот втор интернационалец од Стеауа, Даниел Георгиевски на кого договорот со романскиот шампион му истекува во јуни оваа година, нема никакви најнови информации поврзани со нашиот дефанзивец за тоа каде би продолжил.
За очекување е на голот на романскиот шампион да застане македонскиот интернационалец Мартин Богатинов, новајлијата во Стеауа од Букурешт.