Велешки Борец, како што тргнале работите, веќе следната година ќе го гледаме во елитното друштво. Довчерашниот третолигаш, на големо изненадување на фудбалската јавност, неодамна ги ангажираше фудбалерите на Силекс, Ѓорѓи Танушев и Александар Пановски. Чаршијата зборува дека касата на Борец е полна до врв и не е чудо што прволигашки играчи со реноме одлучуваат да играат на второлигашките ораници.

















