Екипата на Силекс однесе победа од 3-1 на гостувањето во Велес со што го запоседна врвот на табелата во Втората МФЛ со 3 бода повеќе од Тетекс и Миравци. Натпреварот започна доста борбено по тешкиот терен на игралиштетот на Агенцијата за млади и спорт.
Гостите поведоа со погодокот на Николов во 30-тата минута а во 40-тата Мариќ зголеми на 2-0 за Силекс. Борец се врати во резултатска игра преку Митревски кога ублажи на 1-2. Конечниот резултат го постави Мандак во вториот дел.
Борец од 14-тата минута играше без Чичевски кој заработи црвен картон.
www.sportefe.com.mk