Браќата Димитар (22) и Благојче (18) Иванови ќе бидат првите летни засилувања во редовите на прволигашот Силекс. Димитар е напаѓач кој доаѓа од Еуромилк, а играл и за Металург, Љубанци, Тетекс и Вардар. Помладиот Благојче е голман, кој целата своја кариера ја мина во младинските школи на Металург. Тој е член и на репрезентацијата до 19 години.
- Ја прифатив понудата на Силекс без размислување. Се работи за квалитетен тим, за клуб со традиција. Пресреќен сум, се надевам дека ќе напредувам во фудбалската кариера преку дресот на Силекс - вели Благојче Иванов.
Братскиот тандем Иванови го засилува Силекс
Најново
![]() | Денеска | 4356 |
![]() | Вчера | 2878 |
![]() | Оваа недела | 10874 |
![]() | Минатата недела | 26770 |
![]() | Овој месец | 54642 |
![]() | Минатиот месец | 138483 |
![]() | Вкупно | 22245424 |